Магнусен: Лани беше рестарт за Хаас

Кевин Магнусен верува дека 2022 година била добра година во која Хаас се рестартирале во обидот да се борат за средниот ред. 

По цела сезона без поени во 2021 година, Хаас се вратија посилни лани освојувајќи 37 поени и ја завршија сезоната на осма позиција. Магнусен е задоволен од тимот кој го напушти неколку години претходно. 

Тоа е истиот тим со истата динамика. Многу работи се случија во тимот и Тоа е добар рестарт на Хаас. Сега сме назад во борбата и Се надевам на голем мотив во тимот за да одиме уште понапред – посочи данскиот повратник во екипата.

Наредната година во Хаас доаѓа и искусниот Нико Хулкенберг и новиот спонзор MoneyGram. 

Тимот имаше неколку тешки години и си заминаа некои луѓе, Но сега е помирно време со големи таленти и време да се смириме. Мислам дека тоа ќе се случи и ќе се подобриме во повеќе области. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ