Магнусен нетрпелив за новините на Хаас

Кевин Магнусен откри дека се чувствува вознудено и нетрепливо за да види какво влијание ќе имаат новите делови на Хаас кои ќе му бидат ставени на располагањ за време на Унгарското Гранд При следната недела.

За разлика од конкурентите, Хаас одбраа да не дизајнраат многу новини и да не работат многу на развојот на болидот, туку да работат на оптимизација на истиот со цел да ги извадат сите перформанси со кои знаат дека располага.

Магнусен го постивнат својот најдобар резултат на отворањето на сезоната во Бахреин со своето 5то место, а во Австрија тимот имаше двојни поени и сеуште беа конкурентеи. За викендов се планирани новини кои ќе се пробаат на Хунгароринг, но единствено кај Магнусен, затоа што тимот толку успеа да произведе.

годинава видовме дека наоѓаме повеќе перформанси одошто мислевме дека имаме, а болидот не е подобрен од зимските тестови. изненадени сме колку перформанси вадиме од пакетот со кој располагаме.

кога ќе го ставиме новиот пакет ќе биде возбудливо и нетрпеливо да видиме колку ќе бидеме подобри, дали ќе напреднеме или ќе назадуваме, не знам, ќе биде инетресно да се види – посочи к-маг.

Данецот се тркаше со тимот во 2019 година кога тимот донесе новини кои се покажаа крајно непредвидливи и го направија болидот полош и нестабилен.

сите сакаме да ставиме нови аеродинамички делови на болидот и да бидеме десетинки побрзи од сега, но така не работи овој спорт. наоѓате повеќе потенцијал како што учите и како што откривате повеќе нови работи.

Поради тоа што Кевин има 22 своени поени, 10 повеќе од Мик Шумахер, тој ќе ги добие новините прв. Тимот е 7ми кај конструкторите со 7 поени предност пред АлфаТаури кои веќе донесоа многу голем пакет новини во Франција минатиот викенд.

Возачот посочи дека годинава болидите се поинакви за разбирање затоа што никој не може со сигурност да предвиди како ќе се однесуваат новите пакети на промена.

сите екипи почнаа да тестираат со болиди кои потскокнуваа, никој не го предвиди тоа, така што мислам дека сега се тркаме со многу поинакви болиди. лани болидот беше сличен како и претходнит ечетири години, така што новините беа во иста насока, но годинава се е сосема ново.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ