Магнусен: Никој не ме тера да бидам другар со Нико

Кевин Магнусен вели дека нема никаков притисок да воспостави хамоничен и другарски однос со новиот колега, Нико Хулкенберг, но посочи дека нема никаков проблем со него.

По крајот на минатата сезона, тимот потврди дека Нико Хулкенберг ќе биде нивни втор воач од оваа сезона на местото на младиот Мик Шумахер кој не испорача тоа што од него се очекуваше.

Магнусен и Хулкенберг имаа инцидент на Унгарското Гранд При во 2017 година кога за време на интервјуата по трка, Нико го нарече Кевин најпрљавиот возач на гридот, по што данецот врати со безобразна навреда. Нивниот следен контакт беше на првата трка лани кога Хулк менуваше во Астон Мартин и тогаш двајцата се изнасмејаа на инцидентот.

никогаш не сме биле блиски во минатото, но во бахреин се сретнавме на аеродром и за прв пат подолго разговаравме. многумина сметаат дека имаме некое непријателство, но не е така – објасни данецот.

Германецот се нема тркано редовно од 2019 година, единствено се тркаше како замена за Ковид-19 позитивни во Рејсинг Поинт и подоцна Астон Мартин. Хаас се решија за него за да ја подобрат константноста и да добијат искуство откако Шумахер се мачеше во поголем дел од сезоната.

јас не сметам дека треба да бидам најдобар другар со мојот колега, но кој да знае, можеби ќе станеме, иако никој не ми прави притисок да правам нешто надвород патеката.

јас го почитувам нико како возач и тоа е единствено што е важно. ќе го запознаам подобро во иднина, но никогаш не сум бил близок со него и не сум го запознал добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ