Магнусен: Односот со Хулк е се подобар

Кевин Магнусен изјави дека односот помеѓу него и Нико Хулкенберг е доста подобар и тие сакаат да ги заборават недоразбирањата од минатото. 

Хулкенберг се врати во Формула 1 во Хаас и ќе вози покрај Магнусен за прв пат после 2020 година кога го загуби местото во фабричкиот Рено. Данецот изјави дека тие се веќе повозрасни, имаат семејства и сакаат да имаат добар партнерски однос. 

Тешко е да се каже бидејќи сеуште не почнавме да работиме заедно. Не бевме на патеката во исто време бидејќи тој возеше наутро, а јас попладнето. Поминавме доста време работејќи со медиумите.

Знам дека е добар возач и доста искусен. Мислам дека најмногу ме нервира што сеуште се зборува за тоа. Сега за сега е добро и пораснавме доста. Во слична фаза сме од животот и мора да се развиваме. 

Хулкенберг објасни дека тие почнале да го средуваат односот кога тој се врати како замена за Себастијан Фетел во Бахреин минатата година. 

Секако сеуште работиме на односот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ