Магнусен сака да се проба на Инди 500

Кевин Магнусен беше да го гледа првиот тренинг на Индијанаполис 500, беше возбуден и веднаш изјави дека сака еден ден да вози на славната трка.

Данецот шест години беше дел од Формула 1, а годинав асе трка ИМСА американската серија за Чип Ганаси. Маркус Ериксон и Роман Гросжан направија трансфер во Индикар по престојот во Формула 1, а и Кевин се чини дека цели на тоа.

индијанаполис 500 е трка која секогаш била високо на мојата листа на желби и трка која сум сакал да ја возам. секогаш кога имам можност доаѓам и ја гледам затоа што е неверојатна.

секогаш сум велел дека сакам да ја извозам пред да се повлечам од тркањето. исекако дека ако еден ден добијам можност ќе се пробам.

шетав низ гаражите додека болидите околу возеа со над 350 кмч и тоа е фантастично, морам да бидам дел од тоа еден ден.

можеби го сакам затоа што е лудо. зборував со некои момци од формула 1 кои не го сакаат тоа и навистина не можам да ги разберам – изјави к-маг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ