Магнусен се надева на уште посилен болид со новините

Кевин Магнусен не очекувa од новините и подобрувањата кои Хаас ги планират целосно да се смени поредокот, но сепак, очекува да дојдат до врвот од средината на поредокот.

Американската екипа е единствена која го нема надградено својот овогодишен болид, одбраа пристап согласно кој повеќе се насочени кон оптимизација и вадење на максимум од пакетот со кој располагаат. Тоа се должи на она што го научија од 2019 година кога со подобрувањата всушност го забавија пакетот со кој тогаш располагаа.

Тимот доаѓа до моментот кога ВФ-22 ќе ги добие своите први и единствени новини, тоа треба да се случи на трката во Унгарија, веднаш под Француското Гранд При.

И покрај болидот кој е исти од почетокот на сезоната, тимот освои двојни поени на последните две трки, на Ред Бул Ринг Магнусен беше 8ми, а Шумахер две места пред него.

никој не знае што е можно, но во австрија бевме 4та или 5та најбрза екипа. алпин, мекларен и ние изгледавме многу силно во таа средина од поредокот, мораме да останеме со нив, тоа ќе биде одлично за нас.

радува тоа што сме на нивно ниво, а немаме никакви новини и се надеваме дека кога новите делови ќе стигнат, ние ќе дојдеме на врвот од средината на поредокот – посака данецот.

Сепак, К-Маг е свесен дека новините не секогаш ги носат посакуванитеперформанси и подобрувања кои се очекуваат од нив. Поради тоа, Кевин посакува мал напредок во перформансите и поредокот.

возбудливо е да се носат новини, но мора да се биде претпазлив со нив. некои од конкурентите значително се подобрија со својот развој, така што убеден сум дека и ние можеме да најдеме нешто во нашиот. но, не очекувам некоја огроман промена, само мал напредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ