Магнусен призна: Се потешко го победувам Шумахер

Според Кевин Магнусен, Мик Шумахер заслужува да остане во Формула 1 иако неговата иднина сеуште е неизвесна. 

Мислам дека оваа година тој многу напредуваше. Започна без самодоверба, но сега е добар. Во последно време се потешко го победувам. Заслужува место на гридот, Но тоа не е во мои раце – призна данецот.

Шумахер освои поени на само две трки годинавва и има 10 бодови помалку од колегата Магнусен. Тој беше осми во Британија и шести во Австрија. К-Маг се надева дека во Америка ќе бидат подобри. 

Мислам дека сме посреќни на вакви патеки со голема потисна сила каде може да сме конкурентни. Во последно време тимовите напредуваат и ние не сме во можност да се бориме со нив. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ