Магнусен: Ударот со Перез беше поради анти-стал системот

Кевин Магнусен изјави дека сударот со Серхио Перез се случил поради чудно префрлање во анти-стал моде.

Двајцата беа на крајот на гридот по тешките квалификации во саботата.

Перез влезе во боксот во првиот круг и подоцна мораше уште еднаш да запре откако удри во задниот дел на Магнусен. Чеко изјави дека Магнусен го тестирал на кочење но сепак Магнусен изјави дека се уклучил анти-стал системот.

Мислам дека неколку пати бев удрен во дифузерот. Прв пат кај автобуската се уклучи, подоцна кај свиокот и не можев да реагирам. Имав оштетување и трката беше завршена.

Магнусен се најде во ѕидот откако одлучи да остане на хард кога неговите конкуренти се префрлија на интермедиа гуми поради дождот. Тој промени на гуми за дожд и на крајот удри во бариерите пред да се откаже од трката.

Останувањето на хард беше надеж дека ќе можам да продолжам. Видов дека некои преминаа на интермедија и се надевав дека ќе престане да врне. Во првиот и третиот сектор беше суво и беше добро. Форсирав мислејќи дека ќе има црвено знаме но тоа не се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ