Мазепин постариот нуди стимулации за персоналот на Хаас

Милијардерот Дмитри Мазепин, сопственик на главниот спонзор на Хаас, компаниајта за вештачко ѓубриво Уралкали, понуди стимулации на персоналот на тимот следната година, се со цел да напреднат на гридот и да се подобрат.

Тешката овогодиншна сезона заедно со рекордниот календар од 23 трки кој ќе бара многу догодина е огромен предизвика за сите екипи од гридот. Но, Дмитри, кој е татко на Никита Мазепин, е решен да помогне и поради тоа доставил план за мотивација на персоналот на Формула 1 екипата.

Уралкали нема да ги емнува условите на спонзорскиот договор за да се зголеми финансирањето и буџетот на американската екипа, но Мазепин постариот ќе воведе шема која ќе му помогне на тимот.

актуелнито договор е она што го имаме, но следната година предлагаме дополнителен договор, доброволен и необврзувачки, со цел да се стимулира персоналот да остане, да биде повеќе посветен и мотивиран поради фактот што ќе имаме 23 трки во 23 земји.

луѓето се многу важни во формула 1 и поради тоа сакаме да ги мотивираме да останет во тимот и да бидат посветени. како спонзори на тимот ние сакаме да бидеме силно вклучени – најави дмитри мазепин во својата изјава за руски мач тв.

Со доаѓањето на Никита Мазепин, Уралкали потпиша долгороен договор со американската екипа. Иако сезонава беше разочарувачка за тимот поради напуштањето на развојот на овогодинешниот болид, Дмитри не губи надеж.

задоволени сме. пред се сме благодарни што најдовме заеднички интерес со тимот и дојдовме до ваков договор. екипата напорно работи, но глдаме огромни можности кои мораме да ги постигнеме со заеднички труд за што подобри резултати догодина.

Уралкали секако дека е поврзана со Никита Мазепин и неговата кариера, но неговиот татко е јасен дека младиот возач не е се за гигантот во тркањето. Тој во 2018 година сакаше да ја превземе тогаш пропаднатата Форс Индија, така што останува отворен во купување на екипа за себе.

имаме огромни амбиции во моторспортот и имавме неуспеѓен обид да купиме ормула 1 тим, но тоа останува можност за нас. не сме целосно и ексклузивно поврзани со никита, иамме долгорочни планови да го прошириме нашето присуство во формула 1.

го имаме хајтек тимот кој се трка во формула 4, формула 3 и формула 2 и секако дека круна на тоа ќе биде и поседување на формула 1 екипа.

Запрашан дали неговите планови за сопствен тим се насочени кон Хаас или не, тој одговори:

во моментов немаме никакви преговори затоа што сите чекаат да видат како ќе се развиваат работите од следната година, дали форматот ќе биде успешен или не. ако малите екипи станат успешни, тогаш нивната вредност ќе се зголеми и ќе бидат атрактивни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ