Мазепин работи на своја Ф1 екипа

Освен загреаните Кадилак Андрети и тимот на Крек Полок, уште едни сериозни кандидати најавиле интерес за нова Формула 1 екипа, а на чело на заинтересираните страни е никој друг туку рускиот олигарх Дмитри Мазепин.

По почетокот на руската инвазија над Украина, Мазепин и неговиот син беа набркани од Хаас, а потоа русинот го продаде и својот удел во Формула 2 и Формула 3 екипите Хајтек. Во јуниорскиот тим, компанијата Фунгоса Менаџмент имаше исто така свој удел, а се чини дека и таа е поврзана со Мазепин.

Руската новинска агенција Ria Novosti пренесува дека Дмитри сериозно размислува за своја Формул 1 екипа.

вчера имав интересен разговор со неименуван извор, многу блиску до Мазепин. се работеше за тоа што дмитри не се откажал од идејата да формира своја формула 1 екипа и сериозно да инвестира во тој проект – вели руската новинарка мариа мелинкова.

Медиумите пренесуваат дека иако Мазепин го продал уделот во Хајтек, останал многу близок со основачот и сопственик на тимот, Оливер Оукс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ