Мазепин најавува враќање на трките

Поранешниот Формула 1 возач на американски Хаас, Никита Мазепин, русинот кој во 2021 година возеше во Формула 1, најави враќање на трките.

По руската инвазија на Украина, тој заедно со својот спонзор, Уралкали, беа отстранети од тимот и тркачката серија, а на негово место беше донесен данецот Кевин Магнусен.

возев на Silk Way релито од чисто задоволство, но тоа ми донесе победа. не се гледам како професионален рели возач. Silk Way беше прекрасно натпреварување, но за некој што не возел рели да се подготви како што треба, потребно е да заборави на се друго.

следната година ќе се тркам во нови дисциплини надвор од русија, но засега немам ништо потипшано и не можам ништо да потврдам. секако дека кај мене има голема желба за моторспорт, а цел ми е да се вратам во формула 1 – најави мазепин.

Претходно тој откри дека по никоја цена нема да се откаже од руското знаме и да се трка како неутралец во некое натпреварување на ФИА затоа што во моментов русите не се добредојдени во ништо што е поддржано од Федерацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ