Мазепин ја тужи канадската влада

Русинот Никита Мазепин продолжува со својата борба за да се врати на Формула 1 гридот, овојпат во Канада.

Неодамна, откако беше отпуштен од Хаас, а потоа ограничен од ФИА на почетокот на конфликтот во Украина, рускиот возач го поднесе својот случај пред европскиот суд и победи. Судот одлучи дека Мазепин, чиј татко и поддржувач Дмитриј беше цел на санкции од западните држави, сега може да се врати во Европа за да преговара за неговото вработување како возач во Формула 1.

CTV News сега објави дека 24-годишниот возач ја носи канадската влада пред Федералниот суд, со цел министерката за надворешни работи Мелани Џоли да го отстрани од списокот со санкции. Самиот Никита е именуван од страна канадската влада во тие санкции и затоа не може да се трка во земјата.

При поднесување на тужбата, Мазепин е опишан како млад спортист и професионален возач во моторспорт кој на ниту еден начин не е вклучен во агресијата што ја претрпе Украина. Сепак, се тврди дека санкциите ужасно ја намалуваат неговата шанса да биде земен предвид од Формула 1 тимовите како потенцијален возач кој би можел да се трка секоја година во Монтреал.

Во тужбата се вели дека ако Мазепин биде блокиран да се натпреварува во Формула 1 во 2024 година, тогаш ќе биде исклучително тешко, ако не и невозможно, повторно да биде регрутиран како Ф1 возач или како возач во други шампионати во моторспортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ