Европскиот суд одлучи: Мазепин може назад во Ф1

Европскиот суд му даде дозвола на Никита МАзепин да се врати во Формула 1.

По почетокот на руската инвазија над Украина, возачот и неговиот спонзор, компанијата на татко му, Уралкали, беа буквално избркани од американски Хаас. 24-годишникот ја обжали одлуката во Европскиот Суд за правда и го доби случајот.

Според судот, Мазепин сеуште е цел на репресивни мерки, но ќе му биде дозволен влез на континенто за да преговара за својата работа како Формула 1 возач.

Руската новинска агенција Tass објави дека единствен услов за било кој потенцијален спонзор од државата да се врати е да не биде поврзан со Дмитри Мазепин.

задоволен сум од одлуката на судаот што ми дава надеж за враќање во меѓународниот моторспорт. ќе дадам се од себе да го надоместам загубеното и нетрпелив сум да се вратам на она на што го посветив најголемиот дел од животот – изјави мазепин за Ria Novost.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ