Мазепин ќе прави Фондација за отфрлени возачи

Веќе поранешниот Формула 1 возач, Никита Мазепин, најави дека ќе направи Фондација со која ќе им помогне на возачите кои биле отстранети од тимовите поради политички причини. 

Откако беше раскнат неговиот договор со Хаас, иако се согласи со ФИА да вози под неутрално знаме, тој се најде под санкции на Европската Унија. 

Дали спортист има право на избор? Дали треба да биде казнет за тоа? Дали спортот е уште едно јавно место за политичка дебата?

Знаеме дека една земја одбива да се натрпреварува на олимпијада поради политички несогласувања, Го видовме тоа во 1980-тите кога многу спортисти го загубија сонот поради бојкот на државите. Каде е тука спортот? Ова се тешки времиња – смета рускиот возач.

Мазепин објасни дека Фондацијата ќе пружи целосна подржка на спортисти кои се во ситуација како него. 

Знаеме дека кариерата на спортистите е кратка и се жртвуваат години за да може да си подготвен на највисоко ниво, Но без наградата се е разочарувачки. Никој не мисли на нас. 

Русинот сепак нема да се откаже од Формула 1 во иднина. 

Формула 1 не е затворено поглавје за мене. Ќе продолжам да работам на тоа, Но сега нема шанса за мене.

Не планирам да возам во друга серија. Мојот фокус ќе биде фондацијата. Им благодарам на малкуте возачи кои сочувствуваат со мене. Го загубив сонот и местото во тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ