Малиа му честита на Строл за зделката со Астон Мартин

Поранешниот сопственик на Рејсинг Поинт, доктор Виџеј Малиа, вели дека му честитал на неговиот пријател Лоренс Строл за комплетирањето на зделката со Астон Мартин.

Малиа беше сопственик на тимот познат како Форс Индија од 2008 до 2018 година кога тимот влезе во финансиски проблеми, што му овозможи ситуација на Строл со група на инвеститори да го купи тимот и да го промени името во Рејсинг Поинт. Екипата ќе има уште една промена на името за 2021 година откако Строл купи уддел во британскиот производител на спортски автомобили, Астон Мартин, со што новото име ќе биде Астон Мартин Формула 1 тим.

Малиа вели дека е пресреќен за Строл и екипата и веќе му честитал за зделката.

Среќен сум за Лоренс и за екипата. Екипата да постане фабричка екипа од секогаш беше сон. Лоренс и јас сме пријатели и всушност му честитав утрината кога ја слушнав веста. Тој е многу добар инвеститор, а неговите успеси се доказ за тоа. Ако ја погледнете цената на акциите на Астон Мартин, тој очигледно направил одлична зделка. Под негово раководство и со новите модели на Астон, постои само една насока, а тоа нагоре и напред.

За Рејсинг Поинт е апсолутно фантастично што ќе постанат фабричка екипа со поддршка од одлична британска марка како Астон. Астон има многу следбеници, а тие ќе станат и следбеници на Рејсинг Поинт исто така.

Малиа потврди дека имал неуспешни преговори со Астон Мартин во 2015 година.

Имавме преговори со Астон пред 5 години, не за фабричка екипа, но тие да бидат главен спознор и да ни дадат техничка помош. Не знам каква е зделката со Ред Бул, но мислам дека Астон немаат технички придонес. Ред Бул го имаат Адријан Њуи, така што не верувам дека им треба некој друг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ