Марко: АлфаТаури беа побрзи од Ред Бул во Турција

Советникот на Ред Бул моторспорт, доктор Хелмут Марко, верува дека АлфаТаури имале побрз болид од Ред Бул на Турското Гранд При минатиот викенд, бидејќи сениорскиот тим не беше најубедлив на патеката Истанбул Парк.

Ред Бул остана во потрага по одговори по тренинг сесиите во Петок, а шефот на тимот, Кристијан Хорнер, ја опиша ситуацијата како мешавина на многу поголем грип на патеката во споредба со 2020 година. И покрај промените на болидите во текот на ноќта, Макс Верстапен и Серхио Перез се уште не беа удобни во квалификациите, бидејќи Мерцедес ги презеде првите две позиции, пред казната на Луис Хамилтон поврзана со моторот.

Во меѓувреме, АлфаТаури изгледаше конкурентно од самиот почеток, особено во рацете на Пјер Гасли, кој го надмина влажниот Т3 и се квалификуваше за само 0,130 секунди зад Верстапен на петтото место, а дебитантот Јуки Тсунода, исто така, стигна до К3.

Ако ја извадите разликата помеѓу возачите, можете да кажете дека АлфаТаури беше побрзиот болид, во посебни услови, на оваа патека – рече Марко за германското издание Auto Motor und Sport.

Едноставно, тие константно го подобруваа поставувањето.

Гасли, кој заврши на шестото место и покрај временската казна за судир со Фернандо Алонсо, беше задоволен од перформансите на АлфаТаури во текот на целиот викенд, откако ги пропушти можностите на последните трки. 

Навистина сум среќен со перформансите на тимот- рече тој за медиумите.

Прво за нашето темпо, но и комуникација, стратегија … Мислам дека направивме се како што треба.

Кога завршивме толку блиску до подиумот, мислам дека можеме да бидеме навистина задоволни. Сега тоа треба да биде цел секој викенд, да настапиме на тоа ниво.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ