Марко тврди: АлфаТаури нема да се продаде

Ред Бул одлучи да не го продаде својот втор Формула 1 тим, АлфаТаури, откри тимскиот советник доктор Хелмут Марко.

80-годишниот австриец признава дека во периодот по смртта минатата година на основачот на Ред Бул Дитрих Матешич, до неодамна, гласините за потенцијално раздвижување во тимот не биле далеку од вистината.

Имавме внатрешни дискусии за тоа што и како да направиме, но решивме АлфаТаури да остане во сопственост на Ред Бул. екипата ќе биде поблиску до Ред Бул Рејсинг – инсистира Марко.

Тој истакна дека разликата меѓу седиштето на АлфаТаури во Фаенца, Италија и остатокот од Формула 1 империјата на Ред Бул во Британија ќе се скрати.

Доаѓаат двајца нови извршни директори, Питер Баер и Лоран Мекиес од Ферари. Сакаме постојано да го гледаме АлфаТаури како еден од водечките тимови од средниот ред.

Тој призна дека АлфаТаури веќе некое време е под спортските очекувања, но концептот зошто поранешниот тим на Минарди беше купен во 2006 година останува недопрен.

За господин Матешич, тоа секогаш беше важен дел од тркачката филозофија, многу млади луѓе пристигаат кај нас преку АлфаТаури – додаде Марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ