Марко верува дека Хонда ги спасила Ред Бул

И покрај официјалното заминување од Формула 1 на крајот на минатата година, Хонда ќе продолжи да го поддржува Ред Бул и АлфаТаури до крајот на 2025 година и крајот на актуелната ера турбо хибридни мотори. 

Доктор Хелмут Марко, советникот на Ред Бул, признава дека е задоволен од продолжувањето на партнерството и дека тоа го спасило тимот од дополнителни проблеми. Во 2026 година се очекува Ред Бул сами да произведуваат мотори под новите правила. 

Фала му на бога што се промени политиката со Хонда. првично требаше сами да ги правиме моторите од наредната година. Иако имаме резервни делови речиси 90 проценти се од доставувачи од Јапонија. Добро е што ја променија политиката бидејќи ќе имавме технички и логистички проблем. Хонда ќе продолжи да ги прави нашите мотори до 2025 година – потврди австриецот.

Со новиот договор, Хонда целосно ќе ги прави моторите до крајот на 2025 година, а Ред Бул ќе го задржи статусот на нов производител во 2026 година. 

Моторите доаѓаат директно од Хонда. Многу е важно да го зачуваме статусот на нов производител. Тие ни ги испраќаат моторите во кутија и доколку има проблем механичарите на Хонда работат на моторот. 

Во меѓувреме, Ред Бул Пауертраинс се подготвува за новите правила. 

Во моментов имаме 300 вработени. Тие работат според новите правила. Кога тоа ќе се случи ние ќе бидеме подготвени.

Имаме нова фабрика и тоа е бонус. Со новите правила веднаш ќе може да се работи на шест мотори. Ги имаме најдобрите вработени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ