Марко го обвини Перез за глупавата грешка

Серхио Перез ќе ја почне денешната трка од последно место откако имаше силен судар во ограда уште на почетокот од првиот квалификациски сегмент.

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, жесток и суров како и секогаш, смета дека она што Чеко го направил била голема глупост. Мексиканецот се прецени на Сент Девот, првата кривина од патеката, а можеби се исплаши и од болидот на Алпин кој крај него излегуваше од боксот, ја пропушти точката на кочење и се залепи во оградата нанесувајќи голема штета по што Кристијан Хорнер не исклучува и промена на шасијата.

ако имате таков болид, не смеете да бидете надвор од квалификациите по првиот сегмент. тоа беше негова гупава грешка која можеби е предизвикана од фактот што премногу размислува за шампионатот односно титулата – посочи марко во својата изјава за Sky Deutschland.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ