Марко им прави притисок на возачите

Јури Випс изјави дека Хелмут Марко им прави голем притисок на младите возачи од академијата на Ред Бул, но на крајот успехот е видлив. 

Випс е дел од академијата уште од 2018 година и веќе два пати тестираше на крајот на сезоната, а во моментов се бори за Формула 2 титулата. Формула 2 е последниот чекор пред Формула 1 каде возачите се подготвуваат за највисоката категорија. 

Од академијата на Ред Бул до сега излегоа Макс Верстапен, Себастијан Фетел, Даниел Рикардо, Карлос Саинз, Пјер Гасли, Јуи Тсунода и Александер Албон кои се веќе на гридот во Формула 1. 

Првиот тест беше за да ја добијам суперлиценцата и поминав 300 километри со стар болид. Бев во јапонија и ја поминав половина сезона пред да добијам повик од Хелмут да дојдам во Европа за да ми направат седиште.

Хелмут сака целосно да не подготву за тоа што ни следува. Не се сомневам во неговите методи бидејќи половина грид се негови возачи. Тој сака да прави притисок врз возачите. Посебно на почетокот.

Поминав два дена во симулатор и бев катастрофален. Хелмут ми кажа дека ќе ме отпушти. Знаев дека ми прави притисок за да се поправам бидејќи сигурно нема да ме отпушти поради лоша сесија во симулаторот – свесен е естонецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ