Марко и Тост со ултиматум до Де Врис по ужасните квалификации

Возачот под притисок во АлфаТаури се квалификуваше последен за Големата Награда во Недела.

Советникот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко и тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, го зголемија притисокот врз Ник де Врис по лошите квалификации за Големата Награда на Австрија.

Марко јавно зборуваше за неговото незадоволство од перформансите на Де Врис откако се приклучи во Формула 1, при што укажа дека тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер не бил согласен за потпишување со возачот за место во АлфаТаури.

Тост пак сметаше дека возењето на патеките, вклучително и патеките каде Де Врис никогаш претходно не се тркал, придонесло за неговиот незгоден почеток.

Но, откако Холанѓанецот се квалификуваше како 20ти и последен за домашната трка на Ред Бул, притисокот врз Де Врис е зголемен.

Почна разумно во Квалификациите – рече Марко.

За жал, со ограничувањата на патеката и таквите работи, очекував двајцата возачи да влезат барем во К2, но тоа не се случи.

Мораме внимателно да погледнеме што ќе правиме во иднина.

Што се однесува до Тост, тој смета дека возачот сам одлучува дали ќе го задржи местото со својот настап на патеката.

Доколку има добар настап, ако освои поени и видиме дека може да има успешна иднина, тогаш не разговараме за замена – рече Тост.

Но, секако, тој мора да покаже перформанси.

И Даниел Рикардо, третиот возач на Ред Бул, и Лијам Лосон, следниот возач во јуниорската програма, беа наметнати како замени за Де Врис доколку Марко избере да направи промена на средината на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ