Марко негира дека пресушува талентот во Ред Бул

Советникот за моторспорт при Ред Бул, доктор Хелмут Марко, негира дека јуниорската програма на тимот нема повеќе млади таленти вредни за место во Формула 1.

Откако Пјер Гасли беше унапреден во Ф1 и по отпуштањето на Брендон Хартли од Торо Росо на крајот на 2018 година, Марко го врати поранешниот возач, Даниил Квјат. Постапката покажа суша во програмата на Ред Бул, барем во однос на способни млади возачи доволно квалификувани за Ф1. Но, Марко го негираше тоа околу програмата, од која Себастијан Фетел, Даниел Рикардо и Макс Верстапен може да се истакнат како најуспешни и дека истата не е во можност да ги пополни местата, истакнувајќи ги младите Јуки Тсунода и Денис Хаугер како потенцијални звезди.

Сеуште имаме многу добри таленти во нашата програма, од кои Јуки Тсунода е еден од нив. Тој е висок само 1 метар и 58 центиметри и е фаворит за сите. Потоа го имаме Јури Випс, кој немаше среќа во неговата сезона со Формула 3 минатата година.

Тој ќе се трка во јапонската Супер Формула годинава. Тој веќе беше најбрз возач на тестовите и секогаш е во топ 4.

Навистина, 19-годишниот возач од Естонија, кој возеше за Муген Хонда, го постави најбрзото време во Декември при својот деби тест. Но Марко исто така е импресиониран од Хаугер, млад возач кој би станал првиот Ф1 возач од Норвешка.

Мислам дека тој победи на три или четири трки минатата година во Формула 4 и ќе вози во Формула 3 следната сезона, заедно со Лиам Лаусон од Нов Зеланд. Џек Дуан, синот на Мик Дуан, шампионот во моторциклизам, исто така ќе биде во Формула 3.

Марко вели дека листата ја спротивставува веста дека програмата на Ред Бул е во пад. Но австриецот признава дека не секој од тие таленти ќе успее до врвот во спортот.

Повеќето од возачите кои не успеале да стигнат до Ф1 сеуште заработуваат добра пари и го претвориле своето хоби во професија. Нели е тоа неверојатно? Тоа беше нашата филозофија од почетокот. Јуниорскиот тим да биде основа бидејќи секој знае колку е скап овој спорт.

Дитрих Матешич сакаше да ги подржува талентите и да им помогне во нивниот раст, а потоа почнавме со два Формула 1 тимови. Тогаш стана јасно дека нашиот пристап, да подржуваме некого, не е доволен. Потоа тргнавме во поинаква насока. Изборот беше построг, мораше да се има потенцијал да се победи на Гранд При.

Не ги разбирам критиките. Го финансираме еден возач за цела сезона, а понекогаш и за повеќе години. Без нашите ресурси, тие никогаш немаше да бидат во таа позиција. Покрај се, само 20 возачи може да се тркаат во Формула 1. Спортот не е за сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ