Марко: Нема место за Алонсо во Ред Бул

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на компанијата Ред Бул, отфрли возачко место за Фернандо Алонсо во екипата од Милтон Кинс.

Алонсо паузира веќе две години од Формула 1, но навести враќање на гридот во 2021 година. Флавио Бриаторе кој е дел од неговиот менаџмент изјави дека шпанецот би можел да се врати само во Ферари, Мерцедес или Ред Бул.

Алонсо веќе неколку пати има преговарано со Ред Бул, но Марко отфрла било каква соработка во иднина.

Како што стојат работите денес, Алонсо нема шанси да се врати во Ред Бул. Има две причини за тоа. ПРва е соработката на Ред Бул со Хонда. А втора е што целата наша структура е базирана на јуниорската програма.

Доколку го донесеме Алонсо тој ќе биде најстар на гридот. Тоа е целосна спротивност на нашата филозофија, Но се додека користиме Хонда мотор тоа е невозможно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ