Марко со поддршка за Мазепин да остане на гридот

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, ја поддржа одлуката да му се дозволи на Никита Мазепин да продолжи да се трка во Формула 1.

На вонредниот состанок на Светскиот Мотор Спорт Совет во вторникот на кој се разговараше за кризата меѓу Русија и Украина, ФИА го отфрли актуелниот меѓународен тренд со тоа што одлучи да им дозволи на руските возачи да продолжат да се тркаат.

Ако Мазепин може да остане во тимот без финансиска поддршка од Уралкали, тогаш според мене нема потреба да се исклучи поради неговото државјанство – рече Марко од Ред Бул.

Медведев не е исфрлен ниту од меѓународниот тенис. Проблемот е руското финансирање.

Сепак, ФИА ги забрани руските знамиња и бои, а суспензијата на Руското Гранд При во Сочи сега премина во целосно откажување на настанот. Сепак, руските спонзори не се конкретно забранети, но Марко мисли дека ќе бидат доволни пошироките општествени ограничувања за руското финансирање.

Со сите мерки за ограничување на платните трансакции, понатамошното финансирање воопшто нема да биде можно.

Затоа е веројатно трајното заминување во Хаас главниот спонзор Уралкали, но шефот на тимот Гунтер Стаинер одговори само:

Во овој момент немам коментар.

Уредникот на Auto Motor und Sport, Мајкл Шмид, смета дека Уралкали, на чело со таткото на Мазепин, Дмитриј, кој наводно е близок со Владимир Путин, засега ќе биде безбеден бидејќи дел од парите веќе се слеале.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ