Марко: Фала му на Бога што Хонда одлучија да останат

На доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, му олеснало што Хонда останува во Формула 1 до крајот на 2025 година.

Официјално, отсекогаш беше познато дека Ред Бул ќе продолжи да ја користи основната архитектура на погонската единица на Хонда дури и по официјалното повлекување на јапонскиот производител од Ф1. Но, Марко објаснува дека првичниот план бил целосно новите Red Bull Powertrains да работат со моторите без фабричка помош од Хонда почнувајќи од 2023 година.

Фала му на Бога, дојде до промена во нивниот став – благодарен е искусниот австриец.

Ред Бул минатата недела објави дека тимот сега ќе продолжи да ја добива истата техничка поддршка од Хонда од 2023 до 2025 година.

Во првичниот план, требаше самите да ги работиме моторите од 2023 година. Фала му на Бога што е обратно, инаку ќе ни станеше вистински проблем технички, логистички, но и јазичен.

Сега, Хонда ќе продолжат да организираат сè самите. Ги запечатуваме моторите и не можеме да погледнеме ниту внатре во нив.

Промената од Хонда може да биде поврзана со интензивните шпекулации кои го поврзуваат Ред Бул со работниот договор на Порше за 2026 година.

Моторот пристигнува од Хонда во кутија и ако нешто не е во ред со него, само луѓето од Хонда смеат да работат на него – рече Марко, намалувајќи го ризикот од било каков трансфер на интелектуална сопственост од Хонда во Порше.

Што се однесува до тоа што ќе прави новата операција на Red Bull Powertrains од сега до 2026 година, Марко одговори:

Веќе зборуваме за 300 вработени и сите тие работат на следните регулативи за моторот.

Ако дојде нов партнер за 2026 година, тогаш можеме да ги здружиме силите. Тие потоа можат да ги користат сите капацитети што веќе ги имаме и тоа секако е голем плус.

Во однос на капацитетите, ние го бираме најдоброто од најдобрите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ