Марко: Шумахер би можел да направи пауза

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, се осврна на иднината на Мик Шумахер во Формула 1 по извештаите дека германецот ќе го загуби местото во американски Хаас.

На Шумахер му истекува договорот по крајот на оваа сезона, а сонародникот Нико Хулкенберг е поврзан со местото покрај Кевин Магнусен кој е донесен на повеќегодишен договор. Хаас бараат возач кој ќе помогне во нивниот раст понатаму, што навестува дека искуството може да биде клучен фактор за второто возачко место.

Со над 180 Гранд При стартови зад неговото име, Хулкенберг може да се пофали со многу повеќе искуство во спортот од Шумахер, додека вториот доаѓа до крајот на својата втора година во спортот. Зборувајќи за РТЛ, Марко верува дека Хаас ќе го избере Хулкенберг наместо Шумахер.

Да имаше големо ветување за иднината, би се обложил со моите пари на тоа, но не гледам некој што одговара на тој профил.

Разликата помеѓу, на пример, осмото или деветтото место во шампионатот за конструктори е разлика во значителни милиони од наградниот фонд. Затоа мислам дека Хаас оди по ветеран.

Хулкенберг го има вистинскиот изглед и веќе ја докажа својата вредност. Без тест километри тој постојано скокал во болидот како тест возач и во таа улога секогаш бил добар. Тоа зборува многу за него.

Но, за тимот најважното прашање ќе биде кој може да го води тимот стабилно во иднината?

Доколку биде отпуштен, Марко го поддржа Шумахер да се врати во Формула 1 во 2024 година.

Не е незамисливо дека тој ќе биде настрана една година како резерва на Ферари, Но неколку договори ќе истечат на крајот на 2023 година, така што ќе има неколку слободни места.

Алфа Таури моментално ги има Јуки Тсунода и Ник де Врис кои ќе се тркаат за тимот во текот на сезоната во 2023 година. Сепак, АлфаТаури би можеле да се обидат повторно да ја сменат својата постава на крајот на следната година бидејќи се обидуваат да понудат повеќе можности за младите возачи.

Како сестрински тим на Ред Бул, тие обично промовираат возачи кои се дел од Академијата на тимот поддржан од компанијата за производство на енергетски пијалоци, но ниту еден од сегашните јуниори не се сметаше достоен за промоција во 2023 година.

Тоа го донесе Ник де Врис надвор од Академијата и доколку тој или Тсунода не успеат да импресионираат во 2023 година, може да се создаде можност за Шумахер да се приклучи на тимот. Шумахер беше накратко поврзуван со АлфаТаури претходно оваа година, пред екипата да го избере Де Врис покрај Тсунода.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ