Маси најавува изненадувања во Ф1 календарот

Директорот за трка на Формула 1, Мајкл Маси, навести неколку изненадувања на остатокот од Форула 1 календарот за оваа година.

Сезонава календарот сеупте не е финализиран и работите се константно во тек поради пандемијата. Во моментов има потврдени 13 трки, а целта е да има околу 18 откако првите 10 Гранд При викенди беа откажани.

Финалната трка е сигурно дека ќе биде во Абу Даби на Јас Марина во Ноември или на самиот почеток на Декември додека претпослена трка ќе биде во Бахреин каде е можно да има двојна програма.

Сите трки во Северна и Јужна Америка се откажани додека се размислува за тие во Азија. Херез во Шпанија и Истанбул Парк во Турција се шпекулира дека се во преговори покрај веќе договорените Муџело, Нурбуринг, Портимао и Имола.

Во наредните недели ќе се финализира календарот до крајот на Ноември и почетокот на Декември. Има неколку изненадувања и нешто на што веќе сме навикнати.

До сега имаше некои возбудливи настани од различни причини и се надевама тоа ќе продолжи до крајот на годината. До сега не беше возможно да се организираат ниту 15-16 трки да бидам искрен, Но ете се случи.

Ова беше тежок и предизвикувачки период за ФИА и Формула 1 кои се трудат да извлечат максимум во шампионатот. ФИА, Формула 1 и тимовите прават големи жртви со тројните викенди за ред, Но тоа е во интерес на шампионатот – вели маси.

Дали Херез или Истанбул ќе биде изненадувањето единствено сигурно е дека ќе се случат во Ноември. Турција последната трка ја организираше во 2011 додека и од таму потврдија дека веќе некое време преговараат за враќање. Херез имаа последна трка во 1997 година, а последен пат беше користена од Ф1 за тест во 2015 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ