Маси ја напушти ФИА

ФИА објави дека поранешниот директор на трка во Формула 1, Мајкл Маси, ја напуштил организацијата. 

Австралијанецот немаше никаква позиција од завршувањето на последната трка минатата сезона откако беше заменет од Нилс Витич и Едуардо Фреитас. Сепак, остана како вработен во ФИА и работеше на некои помали задачи. По неговото враќање во Австралија во Април, се чинеше дека дефинитивно е усогласен план за негово заминување. 

Во вторникот беше објавено дека Мајкл Маси ќе си замине од ФИА и решил да се пресели во Австралија да биде поблиску до семејството. 

Тој помина три години како директор за трка на Формула 1 и безбедносен делегат по смртта на Чарли Вајтинг и извршуваше професионално доста функции. ФИА му благодари за неговата работа и му посакува среќа во иднина – гласи соопштението од федерацијата.

По ненадејната смрт на Вајтинг, Маси беше безбедносен делегат и подоцна позицијата директор на трка во Формула 1. По минатогодишната трка во Абу Даби каде имаше неколку контроверзни одлуки околу безбедносното возило, тој беше цел на критики од Мерцедес и нивните подржувачи. Иако се очекуваше тој да ја задржи работата и ќе му биде понудена нова позиција сепак тој ја напушти ФИА. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ