Мајами: Верстапен со победа до својот прв подиум во Америка

Четврти пат во својата кариера, Макс Верстапен стартува од 3то место на гридот и победува на трка, овој пат доашајќи до својот прв подиум во Америка.

Актуелниот првак на патека ги мина двата болиди на Ферари кои тргнаа пред него, успеа да се одбрани во последните кругови од најголемиот конкурент, Шарл Леклер и сосема заслужено да победи на премиерното Мајами Гранд При.

Двојни поени имаа Мерцедес, Расел повторно пред Хамилтон откако стартуваше далеку зад него, но го мина два пати на патека, двојни опени и во Алпин, а Александер Албон повторно до поен преку 10то место.

Во пресрет на стартот на трката, проблеми во Астон Мартин кај Себастијан Фетел и Ленс Строл со системот за гориво. Тимот мораше мануелно да го лади истото и за да е дојде до казна и дисквалификација, тргнаа од боксот.

Леклер фантастично тргна и си го зачув водството, но Саинз некако се исплаши од првата кривина, рано кочеше и дозволи Макс Верстапен да го мине од надворешната страна.

Лош почеток имаше и Луис Хамилтон кој загуби позиции од Пјер Гасли и Фернандо Алонсо со кого имаше контакт во првиот круг. Но, седумкратниот поранешен првак во 3от круг го мина Нандо за 7мо место, а три кругови подоцна и Гасли за да си се врати на својата стартна позиција.

Кругот број 7 беше моментот на првото откажување кога Гуанју Жу ја паркираше својата Алфа Ромео во боксот откако доби насока да го направи тоа.

Во 9от круг, Макс Верстапен доста лесно го превзема водството од Шарл Леклер и не го испушти до крајот, а предноста на Ред Бул на правците беше повеќе од очигледна.

Серхио Перез во тие моменти пријавуваше дека губи сила од моторот, а Кристијан Хорнер појасни дека имале проблеми со сензор од Системот за повраток на енергијата по што мексиканецот до крајот возеше со околу 25-26 коњски сили помалку од својот мотор.

Луис Хамилтон ја отвори серијата на промени на гуми во 23от круг кога промени на Хард, два круга подоцна истото го направи и Шарл Леклер, а во 26та обиколкла и Макс Версапен. Во 27от круг менуваа Саинз и Перез, а шпанецот имаше доста проблеми и менување од над 5 секунди.

Следуваа здодевни 15тина кругови пред Пјер Гасли да има проблеми и да вози прешироко низ неколку кривини по ред, а потоа и несмасно да удри во Ландо Нори при голема брзина, извртувајќи го британецот од Мекларен. Следуваше најпрво виртуелно безбедносно возило, а потоа и она вистинското возено од Бернд Мајландер.

Џорџ Расел го искористи безбедносното возило и имаше “бесплатна“ промена на гуми, а дотрајаните хард со нови медиум ги промени и Чеко Перез сакајќи да надомести за недостатокот од моторот.

Во 46от круг, по пет кругови на патеката, се повлече безбендосото возило и следуваа борби Ред Бул – Ферари. Перез жестоко го напаѓаше Саинз, но не успеа да му ја превземе позицијата, а Леклер моќно одеше да го мине Верстапен, но и со ДРС не можеше да го направи тоа.

Во 46от круг, Расел го мина колегата Хамилтон, но тоа го направи надвор од патеката по што доби инструкции од тимот да ја врати позицијата, што и го стори. Сепак, по неколку кругови повторно го мина Луис и заврши пред него на крајот.

Во 55от круг, Мик Шумахер крајно несмасно на првата кривина удри и го крена во воздух Астон Мартин болидот на неговиот ментор, по што отиде во бокс на промена на предно крило додека се возеше во поени, а Себ ја заврши трката.

Следуваше дуел за 10то место помешу Ленс Строл и Кевин Магнусен, но повторно судар помеѓу возачи на Хаас и Астон Мартин.

Верстапен освен победа освои и поен за најбрз круг, а Ферари, иако тргнаа од првиот ред мораа да се задоволат со 2-3 пласман. Следуваше Перез пред Расел и Хамилтон. Интересно, Џорџ има топ 5 пласмани на сите трки годинава.

Валтери Ботас направи грешка на 5 кругови пред крајот, прешироко мина низ една кривина и ги пропушти двата болиди на Мерцедес, но на крајот успеа да дојде до 7мо место. Алонсо заврши пред Окон, но имаше 5 секунди казна и официјално е 9ти, а поен за Вилијамс повторно носи Александер Албон.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ