Мекиес го менува Тост во АлфаТаури

Спортскиот директор на Ферари, Лорен Мекиес, ќе го замени Франц Тост како тимски шеф на АлфаТаури во екот на големите промени и преструктурирања во екипата.

Малата екипа од Фаенца потврди дека по крајот на годината, Тост ќе се повлече од шефовското место во екипата, а Мекиес ќе го превземе неговото место во тимот каде ја почна својата Формула 1 кариера, иако сеуште не е познато од кога ќе почне да работи за нив. Дополнително, поранешниот извршен директор на Формула 1, Питер Бајер, ќе дојде во тимот во текот на оваа сезона како Главен извршен директор и ќе биде задолжен за страшката насока на екипата и нивниет две фабрики во Италија и Британија.

Франц е шеф на тимот од 2006 година откако екипата беше превземена од Ред Бул, а претходно се тркаше како Минарди. Австриецот беше главен во екипата за време на двете постигнати победи, една како Торо росо од страна на Себастјиан Фетел во Монца во 2008 година, а другата на Пјер Гасли на истата патека, но 12 години подоцна.

Скорешниот пад во перформанси и назадувањето на екипата ги донесе шпекулациите дека Ред Бул размислува за продажба на екипата, но од компанијата за производство на енергетски пијалоци тоа го демантираа. Самиот Тост ќе остане дел од тимот како консултант и советник.

сакам пред се да му се заблагодарам на дитрих матешич што ми даде неверојатна можност да бидам тимски шеф на скудерија торо росо и скудерија алфатаури минатите 18 години. беше вистинска привилегија да го водам тимот толку долго време и задоволство во мојата работа со толку многу мотивирани луѓе кои делеа иста страст, а тоа е формула 1.

со 67 години време е му го предадам тимот на питер како нов главен извршен директор и на лорен како нов тимски шеф, двајца големи професионалци кои ќе го однесат тимот на ново ниво – изјави тост.

Мекиес беше инженер за трка и главен за перформансите на болидите на Торо Росо откако остана во тимот и по продажбата на Минарди, а потоа се вработи во ФИА. Французинот беше директор за безбедност и заменик директор на трка по што се сметаше за најсериозен кандидат за наследник на Чарли Вајтинг пред да направи трансфер во Ферари.

сакам да му оддадам почит на франц за неверојатната работа која ја направи низ речиси две деции на чело во фаенца. му посакувам се најдобро за во иднина и знам дека јас и питер ќе го користиме неговото искуство и совети во периодот кој следува. 

јас сум почестен што ќе ја превземам улогата на шеф на тимот и ќе се вратам во екипата во која минав голем дел од мојата кариера. алфатаури има се што е потребно да доживее голем успех во иднина и се надевам дека со питер ќе го овозможиме тоа – дополни мекиес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ