Мекларен бараат ФИА да интервенира по инцидентот со крилото на Окон

Ландо Норис забележа дека задното крило на Естебан Окон се нишаше за време на завршните етапи на Гранд При на Канада додека го бркаше за 8то место.

Мекларен не беа задоволни од екстремното нишање на задното крило на Естебан Окон на крајот од Гранд При на Канада, и тимот бара објаснување од ФИА.

Додека го бркаше Окон за осмата позиција во завршните фази на трката, Ландо Норис извести дека задното крило на французинот се нишало.

Тимскиот шеф Андреа Стела рече дека тимот ја прегледал ситуацијата и сметаат дека е екстремен случај и функционира надвор од неговите дизајнерски можности.

Беше екстремно – изјави Стела за медиумите.

Кога Ландо го пријави тоа и почнавме да гледаме, имаше нешто скршено на тоа крило. Не може така да се ниша, надвор од своето нормално однесување.

Тоа не би било прифатливо од ФИА, не би било прифатливо од самиот тим. Сигурен сум дека крилото не работеше во рамките на дизајнот.

Стела рече дека е одговорност на тимовите да се погрижат нивната конструкција на крилата да ги задоволува барањата на ФИА, но признава дека тоа може да се толкува различно од секој натпреварувач.

Треба да ја знаете конструкцијата на вашиот болид, потоа треба да сте сигурни во вашиот болид, дали сте ја тестирале таа компонента во оваа состојба? Многу веројатно, одговорот е не – додаде тој.

Мислам дека тука доаѓа чувството на одговорност, кое секој тим може да го протолкува на различен начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ