Мекларен го поддржуваат Андрети

Главниот извршен директор на Мекларен, Зак Браун, сеуште го поддржува обидот на Мајкл Андрети да направи свој Формула 1 тим и покрај тоа што многу од екипите не го сакаат тоа. 

Од минатата година, Андрети јавно објави дека ќе се обиде да направи тим и да се приклучи на гридот, а неодамна ФИА го објави огласот за 11та екипа на гридот и веќе има пријавени. Но сепак, ФОМ и некои екипи не сакаат да се прошири гридот поради реално намалување на добивката. 

Мислам дека три или четири тимови веќе кажаа што мислат. Би сакал да се прошири гридот во вистински услови – вели американецот браун.

Минатата година Андрети ги објави плановите за нов објект во Индијана каде ќе биде база за светските моторспорт операции на неговата компанија. Џенерал Моторс преку Кадилак се приклучи на Андрети и ја објавија нивната соработка. 

Јас сум подржувач на Мајкл и Кадилак и мислам дека тоа ќе биде здраво за спортот. 

Андрети претходно објави дека ќе користи мотори на Алпин за да има успешен влез во Ф1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ