Мекларен го постави логото на Сена на своето хало

Болидите на Мекларен ќе го носат логото на легендарниот Аиртон Сена на претсојното Гранд При во Монако викендов.

Бразилецот е најпознат по своите успеси во болидот на Мекларен, екипа со која ги освои сите свои три титули. По неговата смарт во 1994 година додека со Вилијамс се тркаше во Сан Марино, болидите н тимот од Гроув константно го носат неговото лого на носот од болидот.

Сепак, во пресрет на оваа сезона, Вилијамс одбра да се трка без познатото “С“ на Аиртон затоа што новите сопственици на тимот, американците од Дорилтон Капитал, сакале нови начини за оддавање почит кон легендарниот бразилец.

почестени сме што ќе го носиме името на аиртон сена на хало системот на болидот од трката на монако. неговата храброст, постветеност и генијалност продолжуваат да го носат тимот до ден денеска – се вели во видеото кое го објави мекларен.

Додавањето на името и логото на Сена е со целосна поддршка од добротворната фондација која го носи неговото име.

не можем да смисла подобра трка за оддавање почит од монако, за да се признаат сите постигнувања во животот на аиртон. тој победи овдека шест пати, повеќе од било кој друг возач на гридот и ги покажа своите вештини и способности во кокпитот на формула 1 болид, брзина со која ретко кој можеше да се носи.

додавњето на неговото лого на нашите болиди ќе биде долгорочно и со тоа даваме поддршка на неговото семејство и константно ќе потсетуваме за неговиот сензационален талент – објасни зек браун, главниот извршен директор на спортот.

Аиртон возеше за Мекларен од 1988 година до 1993 година, освои титули во 1988, 1990 и следната 1991 година, победи на 35 трки во 96 стартови и последата победа во ка кариерата му беше токму за нив во Австралија 1993 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ