Мекларен го сакаат Рон Денис назад

Поранешниот Формула 1 сопственик на екипа, ирецот Еди Џордан, тврди дека Мекларен го сакаат Рон Денис назад во тимот. 

Тимот од Вокинг ги освои првите поени оваа сезона на третата трка во Австралија кога Ландо Норис заврши пред Оскар Пиастри за твоен топ 10 пласман. Мекларен не успеаа да се снајдат со новите правила и “паднаа“ од четврта на петта позиција, но сега и доста подолу. Во моментов се праи преструктуирање на тимот и се гради нова инфраструктура. 

Рон Денис не беше сфатен од надворешниот свет. Тој беше неверојатно грижлив и се грижеше за сите како за свое семејство. Тивко и без да му се даде посебно значење се справуваше со секој проблем.

Тој е перфекционист, го сакаше Сена, Прост и се смееше на сите шеги за малечкиот Рон кој сакаше се да е спремно и чисто кога се средува болидот.

Сигурен сум дека го сакаат назад во Мекларен бидејќи сега се никаде, а тој беше фантастично посветен на неговиот тим и е неопеан херој на тимот и луѓето во него – посочи еди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ