Мекларен идентификуваше две клучни области за напредок

Мекларен открија дела целат на подобрувања на карактеристиките на болидот под ниска брзина како и на намалување на чувствителноста на пакетот на ветровито време.

Тимот од Вокинг направи одличен напредок лани со својот МЦЛ35 болид со кој освои трето место кај конструкторите, а засилени со агрегатот на Мерцедес, оваа година очекуваат дополнителен чекор кон напред. Тие најавија дека освен моторот имаат за цел да поправат некои слабости кои ги идентификувале како клучни лани.

Џејмс Кеј, техничкиот шеф на екипата, откри дека ланскиот болид бич најдобар на летечи кривини и за време на услови на патеката кои не биле многу променливи.

нашата сила лани беше во летечките кривини и од почетокот на сезоната бевме многу конкурентени и силни на средни брзите и многу брите кривини. силна страна ни беше и запирањето на крајот од правците што беше предност кај некои патеки како на пример австрија.

во однос на слабостите, треба да се подобриме во бавните делови. не сме слаби како што бевме во 2019 година, но ќе притискаме да се обидеме низ спорите делови каде мораме да најдеме подобар баланс и константност низ тие “лазечки“ кривини.

исто така, под некои услови болидот нема перформанси како што сакаме, а тоа е за време на посилен ветер кога губиме грип и тоа е евидентно по податоците. треба то подобро да се разбере и не е лесно да се поправи, цел ни е да го порпавиме тоа и мислам дека треба да ги “испегламе“ тие слабости и ќе бидеме многу посилни – смета кеј.

Ветерот на накои лански трки многу влијаепе врз балансот на МЦЛ35 болидот, а Саинз и Норис тоа го признаваа преку радиото. Кеј е свесен дека не е лесно да се отстрани тој проблем, но треба долга работа преку симулации за да тоа биде отстрането со наследникот МЦЛ35М.

тоа беше сериозен проблем за нас и тоа е ставено на листата на карактеристики на болидот кои треба да се подобрат. но, сите тие работи не може да се отстранат преку ноќ, мора напорно да се работи на нив. нема нешто што повеќе влијаеше на нас од нешто друго, позитивно е тоа што знаеме што е проблем и знаеме која насока треба да ја одбереме.

секој болид има свои проблеи, а нашите возачи кажаа дека гледаат оти и другите болиди се мачат при ветровито веме, така што сигурен сум дека тоа влијае над сите. веројатно на некои кривини влијае повее одошто на други и тоа одзема многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ