Мекларен имаат објаснување за проблемите на квалификациите

Мекларен сметаат дека карактеристиките на патеката и проблемите од тестот придонеле за тешкиот викенд во Бахреин. 

Ниту еден од двајцата возачи не заврши во К3 откако Норис излезе во К2, а Даниел Рикардо отпадна во првиот квалификациски сегмент поради недостатокот на грип. Техничкиот директор, Џејмс Кеј, смета дека болидот не е направен за патеки со бавни свиоци. 

Барселона беше добра за нас и ги покажа нашите силни страни. Тука сме дури и изненадени. Не чека тежок викенд откако имавме проблеми на тестот со сопирачките. 

Кеј смета дека проблемот со сопирачките им ја променил програмата на тестот. 

Знаевме дека предните сопирачки се пожешки, но не очекувавме дека ќе прегреваат. Учиме со време и сакаме да се поправиме, Но тука заглавивме во гаражата за да ја намалиме температурата на сопирачките. Не планиравме оптимизација за тука и никој не е сигурен што да се прави.

Имавме обиди за подобрување на издржливоста, Но немавме доволно време за двајцата возачи да го пробаат болидот и на следната патека ќе не чека повеќе работа со нови делови. мислам дека тука сме поназад.

Имаме работа да ги најдеме перформансите. Не се истакнавме, само ги потенциравме слабостите. Болидот како платформа функционира одлично. Изненадени сме од аеродинамиката. Возачите не ги пронаоѓаат екстремите како минатите години. Многу сме постабилн,. Но потребен ни е повеќе грип и механички и аеродинамички. Во Барселона поради свиоците болидот работеше подобро. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ