Мекларен и Алпин го поддржуваат Андрети

Мајкл Андрети ги пофали Мекларен и Алпин што застанаа на негова страна во обидот да стане дел од Формула 1 гридот, наспроти останатите алчни екипи

Минатата недела американецот потврди дека има договор за артенрство со Кадилак, брендот на Џенерал Моторс, а поддршката од таков гигант се надева дека ќе му го олесни патот до спортот. 

Но, актуелнит екипи на гридот не се расположени за проширување на своето друштв со 11та екипа, најмногу поради разводнувањето на приходите.

алчни се и се грижат само на себе, а не за вкупниот раст и одржливост на тркачката серија.

мораме да се осигураме дека за неколку години ќе влеземе во наскар и ќе следиме како ќе биде таму. имаме некои ситуации, но се надеваме дека се ќе биде решено за неколку години – откри андрети.

Мајкл ги пофали Мекларен и Алпин како единствени две екипи од гридот кои ги поддржале нив. Се верува дека токму сопственикот на Алпин, производителот Рено, ќе доставува мотори за новата американска екипа.

зек сака да направи се што може за да ни помогне да стигнеме до гридот, а исто е и со алпин. тие се наши одлични сојузници и поддржувачи. зек ми е одличен пријател и сојузник, му дава совети и ми помага, си помагаме еден друг, јас му враќам преку индикар тркањето. пријателството и работата е взаемно меѓу нас.

Формула 1 и екипите не се презадоволни од притисокот за влез од Андрети, но секако Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, сака нов тим на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ