Мекларен и Хонда разговараат за соработка !?

Мекларен и Хонда, поранешни партнери чија последна соработка заврши катастрофално лошо, се шпекулира дека преговараат да соработуваат од 2026 година кога на сила стапуваат новите мотори, иако тие нивни разговори се во многу рана фаза.

Ако може да му се верува на она што го пишува The Race, двете страни го оставаат минатото зад себе и разговараат да почнат да работат заедно во новата ера на мотори која следува. Тие беа сила во падокот во 1980-тите и 1990-тите години, а парнтерството го донесе непобедливиот МП4/4 со кој Сена и Прост победија 15 пати на вкупно 16 трки од тогашниот календар.

Во 2013 година, 25 години од последната соработка, на инсистирање на Рон Денис, повторно дојде до заедништво и договор кој почна да се реализира од 2015 година, втората година од В6 турбо хибридната ера. Но, успешното минато никогаш не беше повторено затоа што издржливоста на хибридниот агрегат на јапонците беше очајна, нетрпеливоста од Мекларен голема по срамот кој што им се случуваше на патеката, по што соработката прекина.

Хонда се договори со Ред Бул, но првата година единствено Торо Росо ги користеше нивните мотори, а откако се покажаа добро, Ред Бул веќе освои три титули со истите.

Неодамна ФИА потврди дека Хонда е еден од 6те производители кои и официјално потврдиле дека ќе бидат дел од гридот по 2026 година како доставувачи на мотори заедно со Ферари, Мерцедес, Алпин, Ауди, и Ред бул Пауертреинс. Дотогаш тие се обврзани дека ќе работат со Ред Бул, а потоа “биковите“ ќе почнат да соработуваат со американски Форд.

The Race исто така пренесува дека Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, веќе бил во Ред Бул ПАуертреинс, но Хорнер не навестува дека Ред Бул Пауертреинс Форд ќе дава мотори на друга екипа освен двете кои се сопственост на компанијата за производство на енергетски пијалоци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ