Мекларен му се виновни на Вандорн за кусата Ф1 кариера

Стофел Вандорн, посочи дека политиката што се случувала во Мекларен била виновна за неговата куса кариера во Формула 1.

Белгиецот мина две сезони во Мекларен, 2017 и 2018 година и освои само 12 поени споредено со неговиот колега, тогаш Фернандо Алонсо, кој освои 50, по што Стофел го напушти тимот во пресрет на сезона во која екипата од Вокинг ги смени двајцата возачи.

за жал не можам да кажам со сигурност што се случи, но од надвор не се гледаше ништо што се случува во тимот, н се гледаше политиката – посочи вандорн во свое интервју за холандски Ziggo Sport.

За следната 2019 година, Мекларен имале јуниор во Ландо Норис кој сакале да го промовираат во тимот, а преговарале и со Карлос Саинз, што воопшто не му влеало самодоверба на Стофел.

не е лесно да се вози и да се дава се од себе кога знаете дека зад грб, екипата преговара со други возачи.

Тој мниа во Формула Е за 2018-2019 година, а сезона подоцна заврши на второ место во поредокот во електричната тркачка серија. По две трки сезонава, тој е на 3то место во поредокот и по се изгледа дека ќе се бори со колегата Ник де Вриес за титула до крајот.

Лани Вандорн и де Вриес беа поврзувани со местото во Вилијамс како муштерија на Мерцедес, но тоа никогаш не се случи, по што Стоф е реален дека неговата Формула 1 кариера е завршена.

сега поинаку размислувам и ако ми се укаже можност, секако дека ќе ја зграбам, но само под одредени услови кои ќе ми одговараат. реален сум дека веројатно повеќе никогаш нема да се тркам во формула 1, но тоа не е проблем, фокусиран сум кон иднината, кон формула е и ендјуранс тркањето.

има само неколку можности да влезете во формула 1 и покрај ситуацијата во која се најдов во мекларен, не можев да ја одбијам нивната понуда. за жал, бев кај нив во најлошиот период во нивната историја, имаа лош болид, а екипата беше политички нетабилна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ