Мекларен не се занесуваат по резултатот од Австралија

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, верува дека планираните надградби на тимот за Баку нема да понудат драстична промена од нивните слаби перформанси на почетокот на сезоната.

Стела, исто така, го минимизираше финишот со двојни поени на Мекларен на Големата Ннаграда на Австралија. Ландо Норис и Оскар Пиастри завршија на шестото и осмото место во Мелбурн, откако на трката исполнета со инциденти имаше три прекини со црвено знаме.

Тимот сега се наоѓа на 5то место во шампионатот за конструктори по нивниот прв финиш во бодови во сезоната. Пред настанот во Мелбурн, Мекларен беше бетониран на дното во шампионатот за конструктори по разочарувачките трки во Бахреин и Саудиска Арабија.

Мекларен се оптимисти за тоа да бидат конкурентни за редовни бодови подоцна во сезоната, но Стела призна дека ќе бидат потребни дополнителни надградби надвор од планираните подобрувања во Баку за да се смени насоката на нивната сезона досега.

Не се занесуваме, знаеме дека беше трка со многу настани – рече Стела.

Добро е да се освојат поени откако имавме тешки трки на почетокот на сезоната во кои бевме во конкуренција да освоиме поени, но од различни причини не можевме.

Стела стана тимски шеф на тимот со седиште во Вокинг во Декември по заминувањето на Андреас Сеидл, кој стана извршен директор на Групацијата Заубер. Заминувањето на Сеидл дојде во време кога Мекларен наиде на голем проблем во аеродинамичкиот развој, за кој тимот рече дека ги компромитира аеродинамичните перформанси на МЦЛ60 за воведните трки во календарот.

Добро е сега да излеземе од овие трки со некои добри поени. Знаеме дека во Баку започнуваме уште еден чекор од оваа сезона со тоа што ќе имаме некои надградби на болидот.

Знаеме дека тоа нема да ја промени играта, но тоа ќе биде прв чекор за она што се надеваме дека ќе бидат повеќекратни надградби. Се надеваме дека ќе бидеме во конкуренција да се бориме за бодови во иднина по заслуга, а не во трки со инциденти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ