Мекларен: Норис беше искористен за да се воведе нов преседан во казните

Казната од пет секунди го исфрли Ландо Норис од бодовите на трката за Големата Награда на Канада поради „неспортско“ однесување.

Шефот на Мекларен, Андреа Стела, верува дека Ландо Норис бил искористен за да се постави нов преседан со неговата казна од страна на стјуардите.

Британскиот возач ја заврши трката во поени, но како класифициран како 13ти по казна од пет секунди која беше применета за “неспортско однесување“.

Норис ја доби казната поради намерно забавување зад раното безбедносно возило со цел да избегне двојно местење зад тимскиот колега Оскар Пиастри и покрај неговото зачуденост кога го прашаа за тоа.

И Стела верува дека стјуардите можеби сакаат да ги ограничат ваквите прекршоци во иднина.

Разговаравме со стјуардите веднаш по трката бидејќи мислевме дека ваквите брзини под безбедносно возило или дури и виртуелно безбедносно возило не треба да бидат причина за прекршок – изјави Стела.

Постои можност стјуардите да сакаат да постават нови преседани. Ќе продолжиме да разговараме со нив.

На крајот им веруваме на нивната проценка, но уште еднаш го разгледуваме однесувањето на Ландо бидејќи заминавме од оваа трка многу изненадени што тој доби казна.

Ја разбираме позицијата на стјуардите, разбираме дека тие можеби ќе сакаат да направат преседан, така што има еден вид нов начин на толкување на начинот на кој треба да возите под безбедносното возило.

Ако тоа е пристапот, во ред, но малку е штета што сме вклучени во ова поставување на нови преседани.

Ќе направиме длабинска анализа, бидејќи за време на трката, не можете да гледате во вакво ниво на детали, сè уште трае трката, а ние се бориме за поени.

Сепак, мислам дека ако можевме да ги престигнеме другите болиди, наместо да бидеме блокирани, тогаш можевме да ги надоместиме петте секунди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ