Мекларен објасни зошто го пуштиле Сеидл да замине

Во вторникот Мекларен потврдија дека Сеидл ќе го напушти тимот порано од договореното. 

Тој замина во Заубер каде ќе биде извршен директор и се верува дека ќе го припрема тимот пред влезот на Ауди во 2026 година. 

Неговиот претходник Фред Васур замина од тимот и ќе биде нов шеф на Ферари. 

Извршниот директор Браун објасни дека Сеидл го информирал дека сака оваа година да замине од тимот иако неговиот договор завршува во 2025 година. 

Андреас заврши одлична работа во Мекларен во последните неколку сезони и беше доста транспарентен дека сака да си замине пред истекот на договорот. Беше јасно каде е неговата нова дестинација со оглед на неговото минато со Фолксваген. Имавме одличен однос.

Браун го назначи Стела за нов шеф на тимот кој претходно беше на раководни места во Мекларен од 2015 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ