Мекларен очекуваат многу силен развој во текот на сезоната

Техничкиот шеф на Мекларен, Џејмс Кеј, верува дека ќе има огромен развој во текот на оваа сезона, а како што одминуваат трките, екипите ќе следат насока коај ќе се покаже како најдобра.

Спортот има целосно нови правила за сезонава со цел да се донесе повеќе претекнување на трките. Новите болиди треба за прв пат да стапнат на патека на 23 Февруари крај Барселона, а потоа следува и тест во Бахреин.

во вакви времиња мора да иновирате, а вакво нешто се случи во 2009 година. нашите аеродинамичкари се свесни дека може да се направат многу работи, но ако се следат многу филозофии станува комплицирано.

верувам дека ќе видиме различни идеи на различни болиди и ќе биде интересно што направиле екипите. развојот во текот на сезоната ќе биде многу, многу висок.

природата е на правилата е таква за да се изедначи гридот доста брзо затоа што нема многу простор з различна инетрпретација и нема многу слобода во креирањето. но, секогаш постои ново решение кое не може сите да го видат – посочи кеј.

Инженерот смета дека она што ќе се научи на почетокот на оваа година може да биде клучно во креирањето на следниот болид.

мораме да видиме до каде сме во однос на другите, кои се наши силни, а кои слаби страни против конкурентите. во истиот брод сме сите и мислам дека тоа ќе предизвика многу скокви во развојот и прогресивни идеи во првиот дел од сезоната.

кон крајот на календарот ќе има се помалку новини на болидите, а мислам дека следнат година ќе стане поизедначено затоа што ќе се следат трендовите. веќе секоја екипа ќе знае што е добро за неа, што се покажало позитивно, а што не.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ