Мекларен очекува трикови со правилата

Техничкиот шеф на Мекларен, Џејмс Кеј, очекува тимовите да си “играат“ со новите правила за наредната година. 

Формула 1 почнува нова ера наредната сезона со целосно редизајнирани болиди со кои треба да се подобри следењето и тркањето. Со тоа се очекува некои тимови од долниот дел на гридот да се приближат до предниот ред. Работата е веќе започната и се очекува некои тимови веќе да ја имаат првата шасија месецов. 

Правилата се напишани и стимулираат иновација која Очекуваме да ја видиме во повеќе области. Во исто време, сите треба дека ќе бидеме на време. Мора да се провери корелацијата. Мислам дека од 2023 година натаму ќе имаме подобрување на правилата со проблемите кои ќе ги сретнеме наредната година. 

Кеј очекува клучни да се деловите за предното и задното крило кои беа доста контроверзни оваа сезона. 

Тестирањата за задното крило се построги и Сега ќе има ново крило. Може да се користи на ист начин, но сепак има дел што се однесува на долниот дел од задното крило над дифузерот.

Предното крило е многу важно И таму има строги тестови. Ќе видиме какви трикови ќе се прават, Но ФИА мора многу да внимава. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ