Мекларен подготвени да се фокусираат кон 2022

Персоналот на Мекларен ужива во слободна недела за Божиќ, но тимските шефови планираат брзо враќање на работа во новата година со цел да имаат предност пред ривалите, не само во однос на подготовки за новата сезона, туку и за 2022 година исто така.

Можностите за промени и подобрувања се ограничени во 2021 година. Шасијата следната година, МЦЛ35М ќе биде слична со болидот од 2020 година, но со поголеми промени за промената од мотор на Рено кон тој на Мерцедес.

Големата промена следната година, што е уникатно за нас, е новиот мотор поради што Не може едноставно да ја користиме истата шасија. Моравме да редизајнираме повеќе работи, повеќе системи, како тој за ладење и електрониката. Шасијата ќе биде поинаква, менувачот, а секако и моторот – изјави Џејмс Кеј, техничкиот шеф на тимот од вокинг.

Во други области, пандемијата го принуди спортот да ги одложи новите правила за една година. ФИА исто така воведе замрзнување на развојот на болидите за 2022 година, но тоа ќе биде прекинато од Јануари, а тимовите ќе може повторно да работат под полна пареа.

Сите стигнаа до напредна фаза пред замрзнувањето годинава. Имаме уште развојни елементи и многу концепти кои ги разгледуваме. Тоа не ни влијаеше над механичкиот дизајн и симулациите. Дизајнот на менувачот на пример е во прилично зрела фаза. 

Ќе се вратиме во воздушниот тунел веднаш по стартот на новата година и ќе продолжиме да работиме на болидот за 2022 година. Правилата за шасијата се целосно поинакви, а се менуваат и пневматиците и тркалата. Секогаш е голем предизвик со нови правила.

Ова е целосно нов почеток и овозможува можности за нов дизајн и развој, што пак ги мотивира инженерите. Замрзнувањето ни овозможи дополнително време за размислување и повторна анализа на податоците. Сеуште е рано и имаме време да научиме уште повеќе околу вистинскиот потенцијал на болидот за 2022 година.

Во 2021 година ќе имаме многу работа, со развој и трки на МЦЛ35М, како и нови сознанија за 2022. Одвај чекаме – додаде Кеј.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ