Мекларен постави нов рекорд за промена на гуми

Мекларен постави нов рекорд во Формула 1 менувајќи гуми за помалку од две секунди. 

Најбрзото менување беше кај Даниел Рикардо на Мексиканското Гранд При и траеше 1,98 секунди со што го победи претходно најдоброто време од 2,09 секунди кај Серхио Перез и Ред Бул.

Механичарите завршија одлична работа и кај Ландо Норис менувајќи за 2,29 секунди. 

Тимот од Милтон Кинс, Ред Бул верува во пиштолите за одвртување и ги држи пет од десет најдобри менувања оваа сезона. 

			© DHL Motorsports

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ