Мекларен стекнале многу податоци и покрај ограничените сесии

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, изјави дека неговиот тим успеал да заврши голем дел од својата програма во петокот и добро да го разбере потенцијалот на својот болид за Големата Награда на Канада овој викенд.

Откако Т1 беше неутрализиран во почетните минути од сесијата и на крајот беше откажан поради технички проблем со CCTV системот, Ф1 тимовите беа принудени максимално да ја искористат продолжената сесија од 90 минути доцна попладне на патеката Жил Вилнев.

Возачите на Мекларен и двајцата се пласираа надвор од првите десет, но Стела смета дека неговиот тим се ставил на вистинскиот пат во однос на оптимизирање на својот МЦЛ60.

Не можевме да направиме се што сакавме, но и покрај тоа, мислам дека стекнавме добро разбирање за потенцијалот за перформанси, насоката на поставување и однесувањето на гумите – рече шефот на Мекларен.

Дождот на крајот, исто така, ни овозможи да ги провериме пневматиците, па заедно собравме доста информации од денешниот тренинг.

Ќе го проучуваме тоа преку ноќ и ќе се обидеме да бидеме подготвени за се што ќе се соочиме во квалификациите и на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ