Мекларен продолжува со развојот

Андреас Сеидл изјави дека неговиот тим нема да престане со развојот на нивниот овогодишен болид бидејќи сакаат да ги победат Ферари и покрај тоа што фокусот е делумно префрлен на наредната година. 

Мекларен имаа добар старт на сезонава и се на трета позиција кај конструкторите по четири трки. Во Португалија и Шпанија тие донесоа надградби и се борат со Ферари за третата позиција. 

Иако повеќето тимови се префрлија на развој за наредната година, сепак Мекларен не е еден од нив, а техничкиот директор Џејмс Кеј планира уште надградби. 

ДОколку го видиме тестот, ние се обидовме константно да носиме надградби и да одиме напред. Видете ги тие од Портимао на тренингот, Нашиот план е да носиме и на наредните трки. 

Сеидл објасни дека одлуката да го префрлат развојот на наредната година не е далеку бидејќи ќе донесат мали надградби кои треба да донесат перформанси. 

Во исто време треба да е јасно дека не сме далеку од префрлање на фокусот на целиот развоен тим кон наредната година. Тоа зависи од тоа до кај ќе бидеме со овој болид, Но мислам дека Џејмс има јасна идеа што сака и кога сака да започне – најави сеидл.

Андреас смета дека идните надградби на овој болид се важни да се победи Ферари. 

Очигледно е тесна броба со Ферари и мора да одиме напред да ја освоиме третата позиција. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ