Мекларен против зголемен буџет за евентуални штети на спринтовите

Мекларен се прови зголемување на ограничениот буџет во Формула 1 за сезонава откако екипите почнаа разговори тоа да биде дозволени при евентуални штети кои би настанале на 6те планирани спринт квалификации оваа сезона.

Формула 1 проба нов спринт квалификаициски формат на три трки лани во вид на кус настан од 100 километри во Сабота кој требаше да го одреди стартниот поредок за главната трка во Недела, а првите тројца добиваа и поени. По успешните проби на форматот лани, челниците на спортот решија спринтот д абиде користен на шест трки сезонава, а првата трка од сезоната која годинава ќе се вози во Бахреин е посочена како можен организатор.

Во моментов се водат преговори за поените кои се доделуваат, а целта е да бидат поголеми, како и дали победникот треба да биде означен како освојувач на пол позицијата. Исто така, се планра трката да биде засебна, а не да го одредува стартниот грид во Недела. Екипите сакаа спринт формат и годинава, но некои се побунија на евентуалните штети од дополнителни шест трки од по 100 километри во ионака силно ограничениот буџет кој секоја година стнаува се помал.

За минатата година, буџетот за прв пат беше ограничен и тоа на 145 милиони долари, годинава треба да биде 140 милиони долари, а догодина уште 5 милиони помалку.

Главниот извршен директор на Меклаерн, Зек Браун, е задоволен и охрабрен од спринт трките, но не сака поголеми буџети за евентуални штети.

некои екипи сакаат да ја искористат оваа можност и да го зголемат буџетот кој е ограничен, тоа се некои екипи, но ние сме против тоа и мора добро да го разработеиме тоа прашање сезонава – најави зек.

Лани на екипите им беа дозволени дополнителни 450 илјади долари за појавување на три спринт трки, а дополнителни 100 илјади долари за евентуална штета. Но, Браун смета дека некои екипи сакаат тоа да се зголеми за смешно голем износ и покрај тоа што спринтовите не донеле големи инциденти лани.

реалноста е дека немаше штети лани, а кога овој предлог го чувме пред една година, некои екипи пријавија дека може да се случат огромни штети н првите кругови, но не беше така. и ние мислевме дека првите кругови ќе бидат похаотични, но и ние погрешивме.

но, некои екипи сеуште сакаат да ја искористат оваа можност за поголем буџет, но за голем износ кој не е реален и изледа ако секој спритн целосно да ќе се уништува по еден болид. од она што го видовме лани, повеќе судари имаше на тренинзите одошто на спринтовите.

можеби е ново и тешко за некои екипи да работат со ограничен бует, но тоа е во духт на спортот и сите мораме да работиме со исти прваила. приходите ќе раснат со тек на време и мораме да се осигураме дека фискално ќе бидеме одржливи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ