Мекларен цели на голема надградба

Андреа Стела од Мекларен изјави дека очекува голема надградба на болидот помеѓу трките во Австрија и Британија за да болидот би бил различен. 

Од Мекларен, неколку пати потенцираа дека ги промашиле целите на болидот и сега носат надградби со кои би сакале да се вратат во конкуренција. Екипата очекува големата надградба која би го променила болидот да ја донесат помеѓу Австрија и Британија во јули. 

Планот е да имаме конкурентен болид. Пакетот треба да е готов помеѓу Австрија и Британија и да се вратиме во конкуренција. Болидот напредува и видовме успешни еволуции на концепти. Ќе биде доста променет тогаш.

Тоа е основа за големи успеси наредната година. Во вториот дел од сезоната носиме големи надградби – најави шефот на екипата.

Трката во Австрија ќе биде втор спринт оваа сезона со помалку од два часа тренинг. Стела се надева дека во Барселона ќе имаат добра трка бидејќи треба да му одговара на нивниот болид. 

Ова е трка каде може да се престасува и потребна е брзина. Се надевам дека во брзите свиоци ќе сме подобри. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ